
НАРОДНА БАНКА: Новите депозити со повисоки камати, кредитите без поголеми промени
Каматите на кредитите стагнираат, штедењето повторно станува попривлечно. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во април банките ја задржале цената на кредитирањето речиси непроменета, додека кај депозитите се забележува ново придвижување нагоре кај новопримените средства. Просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесувала 4,70 проценти, исто како и во март, но на годишно









