Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

НБРМ: И фирмите и граѓаните зависни од банкарските кредити

21 јан. 2023 г.·2 мин читање·3853 прегледи

Следете не на Viber

Вкупните депозити во банките лани оствариле раст од 4,9 насто (само во декември порастот бил 2,6 проценти), а кредитите 9,4 проценти, со тоа што во последниот месец од 2022 бележат зголемување од 1,4 проценти. Движењата кај кредитирањето, според НБРСМ, се должи на зголемената побарувачка и од граѓаните и од корпоративниот сектор, кој доминира во овој поглед.

Забележано е и зголемување на паричната маса. На годишно ниво за 5,3 насто, што е резултат на повисоките краткорочни депозити и на депозитните пари, а нешто помало е влијанието на готовината во оптек. А, само во декември растот е 2,8 проценти, и како што објаснуваат од НБРМ, поради зголемениот обем на депозитите, на готовитната во оптек,но и заради краткорочните депозити.

Кај корпоративниот сектор, декемвриските депозити пораснале за 3,3 проценти, а споредено со истиот месец 2021 година зголемувањето е за 3,7 насто, што е резултат на поголемите девизни и денарски краткорочни депозити, а паралелно со тоа има пад кај долгорочните депозити.

Годишниот раст, пак, на користење кредити во овој сектор е 11,5 насто. Зголемување има и кај денарските и кај девизните кредити, но предничат вториве. Кредитите во денари преовладуваат во декември, каде што вкупното месечно кредитирање бележи пораст од 2,6 проценти.

Според НБРМ, во декември депозитите на домаќинствата се зголемиле за 2,7 насто, најмогу заради депозитите, каде доминираат долгорочните и денарски и девизни влогови. Во текот на тој месец има пад кај краткорочните девизни депозити. Инаку, на годишно ниво, граѓанските влогови се повисоки за 5,8 проценти.

Граѓаните пројавиле зголемен интерес и за кредити. Конкретно, годишниот раст е 7,3 проценти, при што повеќе се барале банкарски позајмици во странска валута. А, само во декември, кредитите кои биле само во девизи, пораснале за минимални 0,3 насто.

Податоците на Централната банка покажуваат дека најголемата побарувачка, а со тоа и најмногу одобрени кредити се потрошувачките со 0,7 и станбените кредити со месечен раст од 1,2 проценти, додека на годишно ниво зголемувањата се 6,3, односно 12,7 насто. За автомобилските кредити помалк бил интересот во декември, 0,2 отсто, а годишно ниво растот е 9,1 насто.

Задолжувањето кај банките преку кредитни картички во текот на годината се зголемило за 0,7, а во декември опаднал за 0,9 проценти.

Клучни зборови

  • денарски кредити
  • депозити
  • зафолжување
  • кредити
  • нбрм
  • фирми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk