Менувачкиот пазар во Македонија претставува мал простор со значајна улога, особено во готовинските трансакции и локалниот девизен промет. Се развива и функционира повеќе од три децении, а првичната цел поради која беше востановен – сузбивање на уличниот шверц со девизи, одамна е заборавена.
Овој сегмент, кој опфаќа 195 специјализирани менувачници од дејноста посредување во работењето co хартии од вредност и стоковни договори (66.120), минатата година направил промет од 18,7 милиони евра и остварил добивка од 1,2 милиони евра. Приходите се зголемиле за повеќе од 12,8 насто во однос на претходната 2024 година, но профитот опаднал за 3,46 насто. Сето тоа се одвивало во услови на низок раст на вработеноста од речиси 2,5 насто, како и на скромно поместување на платите од 7,45 насто. Во секторот работат 371 лице, а просекот на месечните примања достигнал 25.412 денари.
Извор: Бизнис Мрежа
НАЈГОЛЕМ МЕНУВА…