И многу и добро се работи во Кавадарци, каде што минатата година компаниите генерирале приходи од речиси една милијарда евра. Меѓутоа, тој позитивен тренд, што ја вклучува и профитабилноста, не се прелева врз локалниот пазар на труд. Всушност, градот на виното не е изолиран случај кога се работи за намалувањето или за недостигот на работна сила.
Бројот на вработените во кавадаречките фирми се намалил за 7,79 насто или за 1.112 лица. За разлика од 14.644 вработени во 2024 година, лани биле регистрирани 13.532 вработени лица. Ова се однесува на 1.729 трговски друштва, кои поднеле годишна сметка. Сепак, тој бран не ги одминува ниту најголемите работодавачи што се во фокусот на анализата што Пари ја направи со помош на податоците од Бизнис Мрежа, при што може да се забележи дека додека работничките редови се проретчуваат, платите се зг…