Дали и македонската Народна банка ќе воведе мерки за превентивно ограничување на кредитите за граѓаните, како што веќе планира Хрватската народна банка, со цел да спречи презадолжување на населението и проблеми со отплата на долговите? Хрватскиот гувернер смета дека граѓаните прелесно се задолжуваат со кредити и дека има пресилен раст на потрошувачките кредити, па ако економијата забави, може да се влоши отплатата на долговите. Од што се плаши ХНБ и дали има простор за страв и во НБРМ?
ХНБ најави дека од 1 април ќе воведе нови макробонитетни мерки со кои ќе се воспостават минимални критериуми за кредитирање на граѓаните со станбени и готовински потрошувачки кредити. Се ограничува износот на задолжување, односно при одобрување на нов кредит соодносот на месечната отплата на вкупниот долг и на доходот не смее да биде поголем од 45 насто на станбени кредити и 40 насто на готовински ненаменски кредити. Исто така, соодносот на износот на станбениот кр…