Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЕК: Монетарната политика соодветна, стабилноста на банкарскиот систем дополнително зајакната

10 ное. 2023 г.·2 мин читање·705 прегледи

Следете не на Viber

Во најновиот извештај за напредокот на земјата, Европската комисија повторно истакна дека усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на напредно ниво. Притоа, се нагласува дека поставеноста на монетарната политика во изминатиот период е соодветна, односно дека таа е целосно во согласност со економските фундаменти и соодветно е затегната како одговор на зголемената инфлација.

Во Извештајот се укажува на тоа дека високата инфлација се должи на глобалниот шок кај цените на храната и енергијата, што, пак, се пренесе и на другите цени. Се посочува дека централната банка одговори соодветно со затегнување на монетарната политика преку зголемување на основната каматна стапка, но и преку промени во задолжителната резерва, што придонесе за постепено намалување на инфлацијата. Се посочува и на ефективноста на мерките на Народната банка за поттикнување на штедењето во домашна валута (денаризација), што придонесе кон одржување на стабилноста на девизниот курс.

Во однос на банкарскиот систем, во извештајот се заклучува дека тој е отпорен, стабилен и сигурен и во текот на последните кризи. Се бележи дека капитализацијата на банките е подобрена, во споредба со периодот на пандемијата на ковид-19. Притоа, адекватноста на капиталот на банките е на највисоко ниво во последните пет години, додека нефункционалните кредити на крајот на 2022 година се на ниско ниво од 2,8%.

Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност исто така е истакнато во рамките на Извештајот, со посебен акцент на новиот Закон за финансиска стабилност, со кој на регулаторите во финансискиот сектор им се дава  законски мандат за спроведување макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.

 

 

Клучни зборови

  • банкарски систем
  • Европска комисија
  • извештај на ек
  • Народна банка
  • нбрм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk