Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања

12 мар. 2023 г.·2 мин читање·2900 прегледи

Следете не на Viber

„Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години. Зголемувањето на основните каматни стапки може на краток рок да има ефект врз економската активност, но треба да се има предвид дека макроекономските политики не се замена за структурните политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст”, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за магазинот на централната банка на Полска „Финансиски опсерватор”. 

Гувернерката истакнува дека сепак силината на реакцијата и видот на инструментите коишто се користат од страна на централните банки зависат од факторите што влијаат врз инфлацијата, особено од производниот јаз, од видот на монетарните инструментите и од монетарната стратегија. Со оглед на геополитичките случувања, економскиот раст секако би забавил, но колкаво ќе биде забавувањето зависи од: времетраењето на глобалните шокови врз што не можеме да влијаеме, чувствителноста на економиите на глобалните шокови (врз што можеме да влијание, но на среден рок), како и од координираноста и ефективноста на макроекономските политики. На подолг рок, патеката на растот ќе се должи пред сѐ на брзината на спроведувањето на структурните реформи. 

Во интервјуто гувернерката се осврна и на ризикот од забавување на глобализацијата, којашто досега имаше важна улога за економскиот раст на економиите, особено на помалите како нашата. Притоа, истакна дека расположливите податоци за глобалните трговски и финансиски текови засега не упатуваат на поголеми промени. Имено, по големиот пад на светската трговија во периодот на пандемијата, следеше процес на закрепнување, и покрај зголемениот број на трговски бариери. Сепак, не треба да се потцени ризикот од среднорочни промени во насоката, структурата и во географската димензија на глобализацијата.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • нбрм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk