Компаниите во земјава сѐ помалку бараат кредити за инвестиции, а не се многу расположени ниту за други видови кредити. Во текот на целата 2023 година има пад во побарувачката на корпоративни кредити за инвестиции во основни средства, покажа Анкетата за кредитната активност на банките спроведена од Народната банка на Македонија.
Порталот „Пари“ ги обработи анализите на НБРСМ, кои покажуваат целосно намалување на побарувачката за кредити од компаниите во 2023, но прогнозираат нејзино зголемување во првиот квартал од годинава. А, и бројките за кредитни пласмани на банките во корпоративниот сектор го потврдуваат тоа.
Заклучно со декември 2023, вкупните кредитни пласмани на банките во корпоративниот сектор изнесуваат 276,2 милијарди денари и за една година бележат раст од незначителни 1,9%. Најголем дел од кредитните пласмани на банките се во трговијата на големо и мало, каде што на крајот од минатата година биле пласирани кредити во износ од 82 милијарди денари. Кредитирањето на трговц…