Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Народната банка ја овозможи алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги”

1 окт. 2023 г.·2 мин читање·2868 прегледи

Следете не на Viber

Поголема транспарентност и споредливост на услугите за поголема конкуренција и заштита на потрошувачите

За прв пат во историјата на нашата земја граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките  преку веб – страницата на Народната банка на Република Македонија, преку користење на алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги”.

Зголемената транспарентност и споредливост на услугите се најзначајните придобивки и новини кои за граѓаните ги донесе Законот за платежни услуги и платни системи. Со обврската за примена на стандардизирани термини и опфат за најрепрезентативните, односно најчесто користените платежни услуги од страна на банките и нивно редовно доставување до Народната банка за објавување, ќе им се овозможи на граѓаните брзо и лесно да ги споредат понудите и надоместоците за услугите поврзани со платежните сметки.

Во таа смисла, истакнуваме дека Народната банка на својата веб страница ги објави податоците по поединечна банка за видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.

Давателите на платежните услуги самостојно ги утврдуваат надоместоците и се одговорни за точноста на доставените податоци за објавување од Народната банка. Со цел корисниците на платежни услуги да можат да располагаат со ажурни и соодветни информации, банките имаат обврска истите да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците.

Клучни зборови

  • Народна банка на македонија
  • нбрм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk