
Поскапуваат бензините и дизелот – акцизите го неутрализираа ефектот од поевтинувањето на нафтата
Од полноќ возачите повторно ќе плаќаат поскапо гориво. Иако цените на нафтените деривати на светските пазари во изминатата недела бележат пад од 2 до 5 отсто, бензините и дизелот во земјава поскапуваат поради враќањето на редовните акцизи во пресметката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите




