Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Дизелот поскап за 3,5 денари, цените на бензините остануваат исти

23 мар. 2026 г.·2 мин читање·954 прегледи

Следете не на Viber

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите највисоки малопродажни цени на горивата, при што промената ја носи само дизелот, додека бензините остануваат непроменети.

Од ноќеска на полноќ важат следните цени:

Еуросупер БС-95 – 86,50 денари за литар (без промена)

Еуросупер БС-98 – 88,50 денари за литар (без промена)

Еуродизел (Д-Е V) – 95,50 денари за литар (+3,5 денари)

Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 92,00 денари за литар

Мазут М-1 НС – 47,61 денари за килограм.

Во споредба со претходната одлука од 16 март, кога дизелот се продаваше за 92 денари по литар, новата цена значи раст од 3,5 денари или околу 3,8 проценти, додека цените на бензините остануваат идентични.

Цените се формирани врз основа на движењата на светските пазари, курсот на доларот, како и на даночните и парафискалните давачки, вклучувајќи акцизи, транспортни трошоци и трговски маржи. Трговците и понатаму имаат можност да продаваат и по пониски цени од утврдените максимуми.

Инаку, Владата вчера донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, мерка што треба да го ублажи ценовниот притисок во наредниот период.

РКЕ, пак денес го смени и правилникот, со што овозможи за цените на горивата да се одлучува и да се прават корекции на дневна основа.

Клучни зборови

  • бензини
  • гориво
  • дизел
  • нови цени
  • Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk