
ЛЕТАЊЕТО СТАНУВА ЛУКСУЗ? Авиокомпаниите најавуваат повисоки цени и кога горивото ќе поевтини
Војната на Блискиот Исток не се чувствува само на нафтените пазари. Таа веќе стигнува и до патниците, и тоа преку поскапени авионски билети кои, според сигналите од авиоиндустријата, би можеле да останат високи многу подолго отколку што ќе трае сегашниот ценовен шок кај горивото. Причината не е само што млазното гориво драматично поскапе. За авиокомпаниите,







