Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ: Со навремена и прецизна интервенција спречен е ценовниот шок кај горивата

24 мар. 2026 г.·2 мин читање·526 прегледи

Следете не на Viber

Со вистински и навремени мерки е спречен ценовниот шок кај горивата. Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните, се вели во партиското соопштение, иницирано од одлуката за намалување на ДДВ на нафтените деривати од 18 на 10 проценти.

„Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар.

Со намалување на ДДВ за горивата дирекно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Клучни зборови

  • владини мерки
  • вмро-дпмне
  • гориво
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk