Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот без промена

26 мај 2026 г.·1 мин читање·1114 прегледи

Следете не на Viber

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат, во просек, за 0,46 насто во однос минатонеделната пресметка, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Притоа, иста останува цената на дизелот од 92 денари за литар, додека бензините и екстра лесното масло поскапуваат за половина денар.

Од полноќ ќе се применуваат следните цени: литар еуросупер БС-95 ќе чини 87,50 денари; еуросупер БС-98 – 89,50 денари; екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94,00 денари. Корекцијата кај мазут М-1 НС е за дополнителни 0,330 денари, па килограм ќе се продава за 51,144 денари.

Од РКЕ наведуваат дека и покрај тоа што на светските берзи референтните цени бележат намалување, курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 1,0116 насто, што влијае врз конечната пресметка на домашните цени.

Според податоците на РКЕ, на светскиот пазар се забележува намалување кај сите деривати: бензините за 0,723 отсто, дизелот за 0,982 отсто, екстра лесното масло за 0,545 отсто, а мазутот за 0,348 отсто.

Клучни зборови

  • бензини
  • Горива
  • нови цени
  • Регулаторна комисија за енергетика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk