Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Струјата поскапува за 2,28 %, евтината тарифа за 2,5 %: Просечната сметка повисока од 57 до 70 денари

23 дек. 2025 г.·2 мин читање·7384 прегледи

Следете не на Viber

Од првиот ден на Новата година домаќинствата ќе плаќаат поскапа струја за 2,28 насто. Цените ќе бидат повисоки во сите четири блок, а промените ја опфаќаат и евтината тарифа, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Тој процент се однесува за 85 отсто од домаќинствата, чии сметките во просек ќе се зголемат од 57 до 70 денари, посочи претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Како што наведе, цената на потрошената електрична енергија во првиот блок ќе биде повисока за 2,45 проценти. Предлогот на ЕВН Хоу бил – поскапување за 7,66 проценти.

И кај вториот блок има расчекор, односно барањето било 8,54 проценти, а РКЕ одлучило корекцијата на цената да биде за 2,87 проценти.

Во третиот блок цената ќе се зголеми за 3,32 насто наспроти побараните 9,63 насто од ЕВН Хоум. Исто така, за четвртиот блок бил предложен раст на цената за 11,86 насто, а РКЕ определиле 3,84 насто.

Евтината струја што граѓаните ја користат од 13 до 15 часот во работните денови, во ноќните часови и во недела, од 1 јануари ќе биде поскапа за 2,50 насто. Од ЕВН Хоум предложиле зголемување за 3,96 насто.

„Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата кои користат електрична енергија во прв и втор блок ќе се зголемат за 2,59 проценти, додека за оние коишто имаат потрошувачка и во трет блок сметката ќе се зголеми за 2,79 насто“, изјави Бислимоски.

Податоците на РКЕ покажуваат дека вкупно 64 отсто од потрошувачите имаат потрошувачка во првиот блок, додека на скоро 21 отсто им се тарифира и во вториот блок. Третиот блок го користат 1,73 отсто од потрошувачите.

Клучни зборови

  • евтина тарифа
  • нови цени
  • Регулаторна комисија за енергетика
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk