Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бензините поевтини за 2 денари, дизелот поскап за 1,5 денари – нови цени на горивата од полноќ

8 јун. 2026 г.·2 мин читање·1382 прегледи

Следете не на Viber

Од ноќеска на полноќ стапуваат во сила нови цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

Најголемата промена ќе ја почувствуваат возачите кои за своите возила купуваат бензин. Цените на бензините Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари по литар. Од друга страна, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денар по литар.

Според одлуката на РКЕ, од 9 јуни ќе важат следните максимални цени: Еуросупер БС-95 – 86 денари за литар; еуросупер БС-98 – 88 денари за литар; Еуродизел БС (Д-Е V) – 87 денари за литар; екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 89 денари за литар; мазут М-1 НС – 47,297 денари за килограм.

Цената на мазутот се намалува за 0,609 денари по килограм.

Од РКЕ посочуваат дека промените се резултат на движењата на референтните цени на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините бележат намалување од 3,175 отсто, додека кај дизелот има раст од 3,367 насто. Зголемување од 2,386 насто е регистрирано и кај екстра лесното масло, а мазутот поевтинил за 1,488 отсто.

Регулаторот потсетува дека станува збор за максимално дозволени малопродажни цени, односно  трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени од утврдените.

Клучни зборови

  • бензини
  • Горива
  • дизел
  • нови цени
  • Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk