Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Возачите можат да здивнат: дизелот поевтин за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари

14 апр. 2026 г.·1 мин читање·2595 прегледи

Следете не на Viber

Горивата поевтинуваат, во просек, за 2,73 отсто. Од полноќ еден литар Еуродизел ќе се точи за 95,5 денари, Еуросупер БС-95 по 82 денари, а Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горивата за транспорт.

Според одлуката, новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 96,5 денари за литар. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 49,227 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија појаснуваат дека корекцијата е резултат на намалување на референтните цени на светските берзи, како и на движењата на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Бензините се намалуваат, во просек, за околу 2,703 отсто, дизелот за 3,251 отсто, екстра лесното масло за 3,960 отсто, додека кај мазутот е забележано намалување од околу 4,476 отсто.

Во образложението се наведува дека при формирањето на цените се земени предвид и акцизите, трошоците за дистрибуција, надоместоците за резерви и еколошките давачки, согласно важечката методологија.

Клучни зборови

  • Горива
  • нови цени
  • пониски цени
  • Регулаторна комисија за енергетика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk