
КОЛУМНА I Зошто паѓаме на испитот по вештачка интелигенција?
Замислете ја следнава сцена. Се наоѓате во сала за состаноци на голема малопродажна компанија. Директорот за маркетинг (CMO) е на нозе, полн со ентузијазам. На платното се врти презентација за нова Customer Data Platform базирана на вештачка интелигенција. Тој зборува за преглед од 360 степени на купувачот, за хиперперсонализација и за револуција во корисничкото искуство.










