Замислете ја следнава сцена. Се наоѓате во сала за состаноци на голема малопродажна компанија. Директорот за маркетинг (CMO) е на нозе, полн со ентузијазам. На платното се врти презентација за нова Customer Data Platform базирана на вештачка интелигенција. Тој зборува за преглед од 360 степени на купувачот, за хиперперсонализација и за револуција во корисничкото искуство.
Атмосферата е електрична… сè додека финансискиот директор (CFO) не се навали нанапред, ги симнува очилата и го поставува прашањето што ја убива секоја иновација во рана фаза:
„Сето ова звучи фасцинантно. Но, ми бараш милионска инвестиција. Каде е патеката до зголемен basket size или намален churn во следните 18 месеци? Ако го одобрам ова наместо отворање нова продавница – каде што точно знам каков ќе биде ефектот на добивка и загуба – како ќе ми гарантираш повраток?“
Настанува непријатна тишина. Маркетинг-директорот пелтечи за стратешка вредност, но нема бројки. Проектот се одложува. Компанијата се враќа на статус кво.
Оваа сцена не е фикција. Ова е дословен препис на една од ситуациите што ми ја опишаа извршните директори за време на моето истражување. И токму тука лежи коренот на проблемот.
Компаниите не пропаѓаат во имплементацијата на вештачка интелигенција затоа што немаат технологија. Пропаѓаат затоа што се заглавени во она што индустријата го нарекува Pilot Purgatory (Чистилиште на пилот-проекти) – состојба во која се вртат бесконечни експерименти што…