Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Неизвесноста постои, но сепак има надеж

6 апр. 2026 г.·4 мин читање·4740 прегледи

Следете не на Viber

КОЛУМНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ

  1. Јавни набавки – Во постапките да се обезбеди примена на македонска референца (домашни компании). Особено во набавките кои се обезбедени и финансирани од јавниот буџет.
  2. Јавно – приватно партнерство – Да се унапреди и позиционира на највисоко стратешко и институционално ниво.
  3. Економска дипломатија – РСМ треба да се фокусира кон економскиот инпакт и кон придобивките за државата и бизнисот од економските активности.
  4. Кадровска политика во јавниот сектор – Во именувањето на раководни лица во државните институции кои имаат влијание врз работењето на бизнис секторот, задолжително да биде консултирана бизнис-заедницата.
  5. Финансиска дисциплина – Јавниот сектор да ги исполнува своите обврски кон компаниите на ист начин како што приватниот сектор редовно ги подмирува своите обврски кон државата.

Бидејќи е јасно дека нашата земја неможе да влијае врз глобалните процеси, а тие станаа редовна појава со влијание на целокупната светска економија (економска криза 2008 г., здравствена криза 2020 г., енергетска криза 2021 г., нафтена криза сега, 2026 г. ), мислам дека е погоден момент барем на домашен план да ги потсредиме работите. На тоа ни кажуваат и резултатите и бројките за првите два месеци од оваа година. Никогаш не сум се срамел да признаам дека се¢ што сум научил за почитување на различните мислења, владеење на правото, пазарната економија, сум научил од моите пријатели од Словенија. Во досегашната моја практика патиштата ми се вкрстиле со многу луѓе, меѓу нив и со многу политичари кои имале влијание врз економијата во нашата државата. Морам да кажам дека сите тие имале желба да помогнат во државата. И да надминат одредени состојби кои биле кочница за тој развој.

Изминатиов месец секојдневно сум меѓу бизнисмените било кај нив, било кај мене. Забележителна е нивната загриженост и постојна неизвесност. Но, неизбежни се и нивните прашања.

  1. Има ли концепт Владата за справување со вака тежок предизвик?
  2. Има ли Владата кадровски капацитет да излезе накрај со овој проблем?
  3. Има ли меѓународната заедница доверба во Владата?
  4. Има ли суета кај актуелниот премиер?

Преведно на јазикот на бизнисот тоа значи дека неизвесност постои, меѓутоа се уште има надеж.

1. Дали Владата има концепт или не, секој може да процени сам. Моите сознанија се дека, Владата и премиерот упорно разговарат, разговараат и разговараат. Со сите субјекти кои што можат да помогнат во оваа ситуација. Меѓу другите, и со членките на Стопанската комора.

2. Кадровскиот капацитет е реален одраз на моќта на партијата и нејзиното искуство. Тоа најдобро ќе го покажат преломните моменти на кризата.

3. Јас мислам дека меѓународна поддршка има, меѓутоа и покрај тоа, мора сите да ги засукаме ракавите. Да ја зголемиме ангажираноста и да ги намалиме трошењата.

4. Мојата суета е поголема од суетата на професор д-р Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РСМ.

Сето ова не вреди ништо, ако јавно не кажам дека најголемата бизнис заедница во државата не направила некој потез со којшто покажува дека може да се надмине себеси. Тоа е ѓаволски тежок процес, бара многу мудрост и знаење. И затоа, сакам јавно да кажам дека трите најголеми бизнис заедници во Македонија ССК, СКСЗМ и СКСМ, потпишаа платформа за заедничко дејствување. И со тоа покажаа огромен капацитет за поддршка на државата во ваквите моменти. Тоа го очекуваме и од сите други субјекти, креатори на економските политики.

П.С. Голема благодарност до Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу кои ја прифатија мојата идеја да се здружиме околу една платформа и со тоа ги надминаа своите суети. Го охрабрувам премиерот и понатака секој ден да посетува по една фирма и секој месец да посетува по едно бизнис здружение. Упорноста и желбата за дијалог да останат негови најјаки каратеристики. Како што тоа го прави и до сега. Градежништвото, рударството, енергетиката, инвестициите и извозот да се имплементираат, а прашањата за администрацијата, дигитализацијата и елиминиање на корупцијата да се интензивираат.

И, ја поттикнуваме и и подаваме рака на Владата за понатамошна искрена соработка. Се разбира, тоа важи и за опозицијата, академијата, универзитетите, невладините организации и медимите.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • Колумна
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk