Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен Развој

Отворен пазар – јее или не?

5 јун. 2026 г.·2 мин читање·1204 прегледи

Следете не на Viber

Замисли дека седиш во твојата канцеларија, гледаш низ прозорец, а во заднина, на телевизија повторно зборуваат за „отворање на пазарот“, „ЕУ-интеграции“, „либерализација“. Звучи далечно, бирократско, нешто за министри, не за тебе. Проблемот е што ова не е најавен концерт. Концертот одамна почнал, а ти веќе си во првите редови – само што никој формално не ти кажал дека шоуто трае. Ако ги погледнеме бројките, приказната е брутално едноставна. Државниот завод за статистика за 2024 година вели вака: вкупниот извоз на стоки од Северна Македонија бил околу 7,78 милијарди евра, а увозот над 11,06 милијарди евра. Разликата меѓу овие две бројки е трговски дефицит од 3,28 милијарди евра во само една година (stat.gov.mk) Слична слика има и во 2023 година: извоз во вредност од околу 7,7 милијарди евра, увоз во вредност од 10,2 милијарди, дефицит од 2,5 милијарди евра (Invest North Macedonia). Не се работи за случаен скок во „лоша година“, туку за конзистентен образец – земја што систематски купува повеќе од странство отколку што продава. Кога ќе прашаш „добро, кој воопшто успева да извезува?“, одговорот станува уште поунеспокојувачки. Портфолиото на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) покажува дека компаниите сместени во овие зони, главно во странска сопственост, во 2021 година создале околу 3 милијарди евра извоз – што е дури 47 насто од вкупниот извоз на државата (fez.gov.mk). Тоа значи дека речиси половина од „нашите“ извозни успешни приказни не се воопшто наши во смисла на локален капитал. Паралелно, државата води политика што природно ги привлекува токму големите играчи. Корпоративниот данок е 10 насто, персоналецот 10 насто, а фирмите во слободните зони добиваат десетгодишен аусвајс на данокот на добивка и 100 насто ослободување од персонален данок, плус ослободување од ДДВ и царина за опрема и машини (Invest North Macedonia). Ова е совршена магнет-комбинација за глобални производители и трговци што бараат евтина и флексибилна точка за снабдување на регионот и ЕУ. На тоа додај уште една „ситница“: од 6 март 2025 година Северна Македонија официјално е дел од SEPA – зоната во која евро-плаќањата меѓу 41 европска земја се третираат како домашни (European Payments Council). Европскиот платен совет и Народната банка отворено кажуваат дека 93 насто од прекуграничнит…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • Аналитика Медиум
  • дигитализација
  • Колумна
  • обука
  • петар балабурски
  • стандардизација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk