
Само 27.788 од 862.896 годишни даночни пријави се потврдени – рокот истекува на 1 јуни
Од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, само 27.788 се потврдени од даночните обврзници на четири дена пред истекот на рокот, покажуваат податоците на Управа за јавни приходи. Мнозинството граѓани имаат рок до 1 јуни преку системот „е-Даночни услуги“ да ги проверат, коригираат и потврдат годишните даночни пријави. Бидејќи официјалниот рок паѓа во недела, обврската









