Наплатата на данокот на додадена вредност е слабата точка на државниот даночен апарат. Од вкупниот долг на фирмите во износ од 188,5 милиони евра, дури 144,3 милиони евра се однесуваат на неплатениот ДДВ. Тоа претставува 76,6 насто од сите обврски што државата ги бара од компаниите по основ на овој данок.
Податоците се од последната листа на должници што ја објавува Управата за јавни приходи. Во споредба со претходната листа, кога вкупната задолженост за ДДВ изнесувала 144,2 милиони евра, има зголемување од 100 илјади евра. Тоа е минимален раст од околу 0,07 насто.
Актуелната должничка листа на УЈП, со опфат на доспеаните долгови до 31 октомври 2025 година, а ненамирени до 31 јануари, покажува дека обврските за ДДВ и натаму се високи, со мали поместувања нагоре и надолу кај одделни должници и градови. Ан…