Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЌЕ СЕ ВРАЌА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК: исплата на првата рата во март

24 фев. 2026 г.·2 мин читање·6536 прегледи

Следете не на Viber

Компаниите од кои државата наплати солидарен данок во време на криза, веќе идниот месец ќе ја добијат првата рата од повратот на средствата. Претходно треба да поднесат барање за поврат до Управата за јавни приходи. Од Министерството за финансии информираат дека постапката официјално е почната.

„Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во Службен весник“, соопштија преку МИА од Министерството за финансии.

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени големите компании кои во 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Конкретно, од 156 компании во текот на 2023 година имаше буџетски прилив од околу 50 милиони евра.

Пред една година, по иницијатива покрената од бизнис заедницата, Уставниот суд го поништи Законот за данок на солидарност а државата доби обврска да ги врати средствата. Според редоследот на нештата, Министерството за финансии доби задолжение од Владата, во координација со компаниите, да го утврди моделот за поврат. Дефинирано беше средствата да се вратат во две рати – првата во март 2026 и втората во март 2027 година.

Законот, со кој најуспешните и најбогатите компании требаше да и помогнат на државата во лошите времиња, го донесе претходната владејачка гарнитура предводена од СДСМ. Стопанските комори „на нож“ го дочекаа ова решение, сметајќи го како своевидна казна за доброто работење. Наспроти нив, даночните експерти и тогаш, а и сега сметаат дека било неопходно да се воведе солидарниот данок. И тоа не само за справување со последиците од Ковид-кризата, туку и заради тоа што даночната структира во Македонија е многу тесна, се применуваат само неколку видови даноци на национално и на локално ниво, што не е доволно за развој на државата.

Клучни зборови

  • бизнис заедница
  • големи компании
  • Министерство за финансии
  • поврат на средства
  • солидарен данок
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk