Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Само 27.788 од 862.896 годишни даночни пријави се потврдени – рокот истекува на 1 јуни

27 мај 2026 г.·2 мин читање·3711 прегледи

Следете не на Viber

Од вкупно 862.896 генерирани годишни даночни пријави, само 27.788 се потврдени од даночните обврзници на четири дена пред истекот на рокот, покажуваат податоците на Управа за јавни приходи.

Мнозинството граѓани имаат рок до 1 јуни преку системот „е-Даночни услуги“ да ги проверат, коригираат и потврдат годишните даночни пријави. Бидејќи официјалниот рок паѓа во недела, обврската практично се продолжува за уште еден ден.

Во споредба со минатата година, кога биле генерирани 841.671 пријава ДЛД-ГДП, годинава бројот е зголемен за 21.225.

Од УЈП информираат дека од 2 јуни сите непотврдени годишни даночни пријави автоматски ќе се сметаат за конечни. Во случаите кога даночните обврзници направиле корекции, измените дополнително ќе ги проверува службено лице.

Од Управата посочуваат дека податоците од ДЛД-ГДП се користат за издавање уверенија за остварен доход, но и за доставување информации до други институции кои одлучуваат за правата на граѓаните.

Воедно, граѓаните кои во 2025 година оствариле приход над 2 милиони денари по основ на изнајмување деловен простор, консултантски и други услуги или продажба на земјоделски производи, може да имаат обврска за регистрација за ДДВ.

Кај обврзниците со утврдена обврска за доплата на данок, УЈП по истекот на рокот ќе генерира налог за плаќање со фолио број, додека оние кај кои има повеќе платен данок ќе можат преку пријавата да побараат поврат на средствата.

Од УЈП апелираат граѓаните навреме да ги проверат и потврдат пријавите, а дополнителни информации може да добијат преку електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските линии на институцијата (02/3253-200 и 0800 33 000 – само од фиксни оператори.

Клучни зборови

  • даночни обврзници
  • даночни обврски
  • ДЛД-ГДП
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk