За 4,15 милиони евра се намалил вкупниот долг што државата не успева да го наплати од даночните обврзници. Сепак, износот и натаму е висок и изнесува 193,85 милиони евра. Овој товар е распореден меѓу 6.108 должници – 2.007 правни и 4.101 физичко лице.
Должничкиот дел на компаниите е 182,73 милиони евра. Со износот се опфатени побарувањата доспеани за намирување до 30 ноември лани, а обврските не се исполнети заклучно со 28 февруари годинава. За споредба, на претходната листа објавена во февруари од Управата за јавни приходи, имало 2.004 компании и долг од 188,5 милиони евра.
Анализата што ја направи Пари во соработка со Бизнис Мрежа покажува дека најслабата алка во наплатата и натаму е данокот на додадена вредност, најзадолжени се друштвата со ограничена одговорност на едно лице, а на Скопје – никој и ништо не може да му го загрози приматот на најголем должнички центар во земјава. Освен тоа, 87,7 насто од вкупниот долг е генериран во десет градови, каде што…