
Во блок-трансакции купени акции на Комерцијална банка за над 319 илјади евра
Во 697 акции на Комерцијална банка вложени се 319,6 илјади евра. На Македонска берза се реализирани две блок-трансакции, преку кои со овие акции се стекнал еден или можеби неколкумина познати инвеститори. Во берзанската статистика со датум од 27 февруари е заведено дека и двете трансакции се изведени по едкинечна цена за акција од 28.200 денари.








