Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Зачестија блоковите – Во 1.127 акции на Комерцијална банка вложени 530 илјади евра

23 мај 2025 г.·2 мин читање·1047 прегледи

Следете не на Viber

Нова блок-трансакција со акциите на Комерцијална банка, осма од почетокот на месецов. Познат купувач се стекнал со 192 акции. За секоја платил по 28.700 денари, а за целиот пакет 5.510.400 денари, односно 89.600 евра.

Деновиве, на берзата повторно се врати црвената боја, која ги зафати и, за инвеститорите, најатрактивните хартии од вредност. А, тој или тие што вложил(е) во акциите на Комерцијална банка, тоа го направил(е) по цена повисока од просечната – 28.566,57 денари. Просекот е вчерашен, исто како и реализираната блок-трансакција.

Од почетокот на месецов, статистиката на Македонска берза забележала осум блокови со акциите што го носат знакот на Комерцијална банка, од кои, заедно со последнава, купопродажбата е по цена од споменатите 28.700 денари. Воедно, тоа е и најнискиот праг. Највисоката вредност била 29.200 денари, по која на осми мај биле купени 80 акции за 2.336.000 денари (околу 38 илјади евра.

Два блока (со датум од 9 мај), едниот со 201, а другиот со 120 акции се пресметани по цена од 29.100 денари. А, еден од четирите регистрирани на 20 мај, е реализиран по 28.780 денари за акција.

Вкупно, преку овие блок-трансакции, во 1.127 акции на Комерцијална банка се инвестирани 32.519.940 денари или 528,8 илјади евра.

Инаку, во текот на вчерашното тргување е направен помал промет во споредба со блок-трансакцијата. Истргувани се 168 акции за 4.799.183 денари (78 илјади евра). Дневната промена на просечната цена е -0,31 процент.

Клучни зборови

  • блок трансакции
  • комерцијална банка
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk