
Силен тим, одличен резултат – КБ тимот второпласиран на Банкарските спортски игри
Тимот на Комерцијална банка уште еднаш покажа дека знае да победува со спортски дух, тимска енергија и заедништво. На годинашните Банкарски спортски игри што се одржаа во Охрид, банката оствари одличен резултат, освојувајќи второ место во генералниот пласман, како и повеќе медали во различни спортски дисциплини. Од Комерцијална банка информираат дека нивните вработени со посветеност,









