ПРОМОТИВНО: Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена на имот до 30 јуни

2 мин читање2147 прегледи

За повеќе информации, посети го следниот линк или обрати се во најблиската експозитура на Комерцијална банка.

·2 мин читање·2147 прегледи

Комерцијална банка АД Скопје со нова промотивна понуда за станбени кредити настојува да ги намали почетните трошоци за граѓаните кои планираат да инвестираат во недвижности, во период кога ваквите одлуки се меѓу најзначајните финансиски чекори.
Според понудата, која важи до 30 јуни, кредитот се одобрува без трошоци за обработка и процена на имот, што директно го олеснува стартот на инвестицијата. Дополнително, каматната стапка е фиксна и изнесува 3 проценти во првите пет години, додека рокот на отплата може да достигне до 30 години.
Од банката посочуваат дека на располагање е и грејс период до 12 месеци, што им овозможува на клиентите поголема флексибилност и стабилност во првичната фаза од отплатата.
Како дополнителна опција за заштита, кредитокорисниците можат да изберат и животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со што се зголемува финансиската сигурност на долг рок.
Станбениот кредит е наменет за повеќе типови инвестиции – купување, изградба, доградба или реконструкција на станбен или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
Повеќе информации за условите и аплицирањето се достапни преку веб-страницата на банката или во нејзините експозитури низ државата.
За повеќе информации, посети го следниот линк или обрати се во најблиската експозитура на Комерцијална банка.