Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Без берзанско тргување – пренесени 7.467 акции: во фокус Алкалоид, Комерцијална и Гранит

9 јун. 2026 г.·2 мин читање·500 прегледи

Следете не на Viber

Без берзански трансакции сопственикот го промениле 7.467 акции. Минатата недела биле извршени 31 нетрговски трансфер, а акциите се издадени од 16 друштва.

Најбројни се трансферите – четири, со акции на Алкалоид: 120 во понеделник, 200 во вторник, 517 во четврток и 421 обична акција во петок. Просечната цена на фармацевтската акција е 24.182,09 денари.

Во три наврати се процесуирани акции на Комерцијална банка – по првичните 2 уследиле 200, па 20. Се работи за најтргуваната акција на Македонска берза, со моментаален просек од 26.500 денари.

Исто така, имало три трансакции со вкупно 1.817 акции на Гранит. Најголемиот транфер е со 1.000 акции, а наредните со 760 и со 57 обични акции. Последното берзанско тргување е со датум 4 јуни, а просечната цена е 1.500 денари.

Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала и осум двојни трансакции.

Македонски телеком се појавува во вторник со 1.000 и во петок со 116 обични акции. Оваа акција минатиот месец беше втората најтргувана на Берзата, а има просечна вредност од 499,18 денари.

Една, а потоа 20 акции се трансферирани од издавачот Титан Усје. Имаат просечна цена од 47.000 денари.

По две трансакции се изведени со акциите на три РЖ компании. РЖ Економика е застапена со 28 и со 18 обични акции; РЖ Интер-Трансшпед со 30 и 19; РЖ Техничка контрола со 12 и 7 обични акции.

Дупли преноси се направени и со акции на Либерти – 500  и 610; на Уготур – 32 и 20; како и на АрцелорМиттал (ХРМ) – 573 и 366 обични акции.

Забележани се и пет единечни нетрговски трансфери. Сопственоста е променета кај 660 акции на Макстил, 100 на РЖ Услуги, 53 на ЗК Пелагонија Битола; 3 на Макпетрол и кај 2 обични акции на  Аутомакедонија.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • ГД Гранит
  • комерцијална банка
  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk