
Пониски приходи, позитивен резултат – „Гранит“ со добивка од 2,7 милиони евра
Градежната компанија „Гранит“ го заокружи третиот квартал со добивка од 2,7 милиони евра, покажуваат неревидираните единечни финансиски извештаи на друштвото. Сепак, вкупната сеопфатна добивка изнесува 1,3 милиони евра и е помала од основната поради останата сеопфатна загуба од околу 1,5 милиони евра. Таа загуба произлегува од падот на берзанската вредност на акциите што ги поседува

