Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Во блок трансакција купени 1.500 акции на „Гранит“

20 јул. 2024 г.·2 мин читање·1283 прегледи

Следете не на Viber

Блок транакција со акциите на „Гранит“ минала на Македонска берза со вредност од над 33 илјади евра. Овој начин на тргување не е карактеристичен за хартиите од вредност на градежната компанија. Од почетокот на годинава ова е седми блок. Интерес од страна на инвеститорите има, што ја категоризира акцијата меѓу десетте најтргувани во изминатиот полугодишен период.

Во последнава блок трансакција купени се 1.500 акции. Единечната цена е 1.360 денари, а вкупниот износ 2.040.000 денари.

Исто така, ова е највисоката цена што во блоковите е платена за една акција. Но, и количината е најмала. Досега, најмногу акции – 8.400 се купени во трансакцијата реализирана на 26 март. Износот на пакетот бил 10.063.200 денари (над 163 илјади евра), пресметан по цена од 1.198 денари за акција. А, пак, првиот блок има иста вредност како и последниот, со тоа што тогаш се работело за 1.700 акции по цена од 1.200 денари.

Блокот е со датум од 17 јули. Истиот ден на официјалнот пазар е истргувана една акција за 1.440 денари. Ден потоа, купени се уште 500 акции по 1.400 денари, или за вкупно 700 илјади денари.

Инаку, во првите шест месеци од годинава, акцијата на „Гранит“ е со просек од 1.243,10 денари. Купени се 39.908 акции преку 246 трансакции. Остварениот промет е 49.609.567 денари. Сето тоа ја рангира на осмото место меѓу десетте најтргувани акции.

Клучни зборови

  • блок трансакција
  • ГД Гранит
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk