Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Сеопфатната добивка на „Гранит“ повисока за 292% – Вложувањето во акции го јакне профитот

6 мар. 2025 г.·2 мин читање·3354 прегледи

Следете не на Viber

Градежното друштво „Гранит“ ја заокружи деловната 2024 година со позитивен финансиски резултат од 1,78 милиони евра. Профитот е опаднат за 28,2 отсто. По надолна линија се движеле и вкупните и приходите од продажбата, бидејќи поголемите проекти на кои се работело биле завршени до крајот на 2023 и во текот на минатата година, а новите се во тендерска процедура.

Но, високо исплатливо е вложувањето во акции, што се покажува кај сеопфатната добивка од 27,8 милиони евра. Споредено со 2023 година и тогашниот износ од 7,1 милион евра, зголемена е за 292 проценти, а причина за тоа се акциите издадени од Комерцијална банка, што се во сопственост на „Гранит“.

„Вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.712.849 илјади денари, пред сѐ поради значајното зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во текот на 2024 година (пораст на пазарна цена на акцијата на КБ од 14.200 денари до 28.301 денари во периодот од 01,01,-31,12,2024)“, наведуваат од компанијата.

Градежните активности на Друштвото му обезбедиле единечни вкупни приходи од 62,5 милиони евра, при што е забележано намалување за 27 проценти. А, кај приливите од продажбата има 30-процентно осипување, а достигнат е износ од 57,26 милиони евра.

Делотворноста на акционерството се согледува и во сегментот на финансиските приходи, каде што регистрираниот раст е поголем за 75 насто, а износот е 1,84 милиони евра – „пред сѐ како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка“.

Намалувањето кај расходната страна е за 27 отсто и „е соодветно на намалувањето на приходите од продажбата“. Ланските единечни вкупни трошоци изнесуваат 60,7 милиони евра.

Во текот на минатата година во опрема и механизација биле инвестирани 3,7 милиони евра.

За една година активата на компанијата се зголемила за 13 проценти. На последниот ден од 2024 година вредноста е 9.238.377 илјади денари или 150,2 милиони евра.

Клучни зборови

  • акции
  • ГД Гранит
  • гранит
  • добивка
  • профит
  • финансиски резултати 2024
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk