Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Комерцијална банка стартува со добивка од 23,6 милиони евра – 15 насто над планот

Маја Анастасова·30 апр. 2026 г.·3 мин читање

Глобална неизвесност и ценовните шокови не ја реметат Комерцијална банка, која и овојпат ги надмина сопствените проекции. Првиот квартал е означен со стабилен раст и профит за 15 насто над очекувањата. На стартната позиција, како вовед кон конечниот годишен резултат, е запишан износ од 23,6 милиони евра, за 2,8 насто повисок од ланскиот остварен во истиот период.

Во ова тримесечје вкупните приходи достигнале 35 милиони евра, а проследени се со раст од 6,4 насто. Главниот столб се каматите. Нето-каматните приходи се зголемени за 2,1 насто – на 24,5 милиони евра. Во тие рамки, приливите од каматите се повисоки за 3,2 насто и изнесуваат 28,3 милиони евра. Растот, образложуваат од Банката, е поттикнат од поголеми вложувања во државни хартии од вредност, но и од зголемено кредитирање на домаќинствата и компаниите.

Сепак, цената на парите расте. Зголемени се трошоците што произлегуваат од каматите – за 10,8 насто, на близу 3,8 милиони евра. Тоа, пак, ја намалува нето-каматната маржа од 3,65 на 3,45 проценти. Причината се лоцира во поголемиот обем на орочени депозити.

Позитивни се движењата и кај провизиите, кои обезбедиле нето-приход од 6,3 милиони евра. Во овој сегмент има раст од 14,9 насто. Дополнителен импулс доаѓа и од останатите приходи, кои бележат скок од 82,1 насто, главно поради продажбата на преземен имот. Во оваа ставка е заведена сума од 2,6 милиони евра.

Истовремено, оперативните трошоци се зголемени за 3,6 насто (9,3 милиони евра), најмногу поради повисоките плати и трошоците за вработените. Уште поизразен е растот на исправката на вредност, за дури 153 насто.

Кај кредитната активност нема поголеми отстапувања. Кредитите одобрени на клиентите се зголемени за 0,5 насто и достигнуваат 1,3 милијарди евра, при што акцентот е на домаќинствата. Воедно, депозитната база продолжува да расте, во првото тримесечје за 1,7 насто. На Комерцијална банка, од страна на граѓаните и на компаниите и се доверени 2,7 милијарди евра.

Исто така, во тој период Банката го засилила и вложувањето во државни хартии од вредност (+6,1 %). Портфолиото достигнува 665,1 милион евра.

За три месеци вкупната актива на Банката се зголемила за 2,5 насто. На 31 март изнесува 3,2 милијарди евра. „Зголемувањето во најголем обем се должи на зголемените парични средства, зголемените вложувања во хартии од вредност, а во помал обем и поради зголемените кредити на комитенти. Планот е остварен со 101,2 проценти“, велат од Комерцијална банка.

M.A.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Аналитика Медиум
  • депозити
  • добивка
  • камати
  • комерцијална банка
  • прв квартал 2026
  • приходи
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk