Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ВЛОЖЕНИ НАД 100 ИЛЈАДИ ЕВРА – Поминаа два блока со 222 акции на Комерцијална банка:

11 јан. 2025 г.·2 мин читање·7635 прегледи

Следете не на Viber

Две блок-трансакции со акции на Комерцијална банка се реализирани на Берзата во текот на последниот работен ден од неделава. Познат купувач или купувачи инвестирале 6.423.100 денари или 104,4 илјади евра во 222 акции на најуспешната домашна банка. Цените за акција се различни.

Според објавените податоци на Македонска берза, во првиот блок вредноста на една акција е 28.550 денари. Купени се 122 кои чинеле 3.483.100 денари, односно 56,6 илјади евра.

Во втората блок-трансакција предмет на тргување биле 100 акции по единечна цена од 29.400 денари. За нив се платени 2.940.000 денари, ште е противвредност на 47,8 илјади евра.

Акцијата на Комерцијална банка е атрактивна за инвеститорите, што се согледува и преку ценовните движења. Месечната промена во декември е позитивни 18,26 проценти.

Годинава, ова се првите два блока со оваа акција. Минатиот месец беа забележани пет. Преку нив се купени 1.105 акции, а вложени се вкупно 497 илјади евра. Цените се движеле од 26.090 до 29.100 денари по акција.

На официјалниот пазар, во петокот е постигната просечна цена од 29.712,74, со дневна промена од 1,69 насто. Истргувани се 309 хартии од вредност издадени од Комерцијална банка, при што е направен промет од 9.181.240 денари. Во евра – 149,3 илјади.

Клучни зборови

  • блок трансакции
  • комерцијална банка
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk