Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

Налет врз акцијата на Макпетрол: Во 45 дена – 27 блокови вредни 4,3 милиони евра

15 ное. 2025 г.·2 мин читање·4925 прегледи

Следете не на Viber

Шифрата MPT е доминантна кога ќе се отвори веб-страницата на Македонска берза во делот преглед за блок-трансакции. Во месец и половина се забележани 27 блок-трансакции со акциите на Макпетрол, од кои последните две во петокот. Од втори октомври, заклучно со 14 ноември, вкупно 2.109 акции станале сопственост на познат(и) купувач(и). Нивната заедничка вредност е 262,8 милиони денари или околу 4,3 милиони евра.

Последните два блока регистрирани на крајот од работната седмица заеднички податок е цената од 116 илјади денари за акција. Во едната трансакција предмет на купопродажба лиле 148, а во другата 53 акции. Оттаму и нивната вкупна вредност од 17.168.000 денари (279,1 илјада евра), односно 6.148.000 денари (околу 100 илјади евра).

Всушност, таа цена е присутна во најголемиот дел од блок-трансакциите, вкупно 23.  Преостанатите четири се реализирани со единечна цена од 117 илјади денари за акција.

И според бројноста на акциите и според вредноста, најголем е блокот што датира од 9. октомври. Тогаш купените 300 акции, секоја по цена од 117 илјади денари, биле платени со износ од 570,7 илјади евра.

Од друга страна, две трансакции се со по 20 акции (од 15 и 29 октомври), а биле заокружени со промет од по 37,7 илјади евра. Овде цената била 116 илјади денари.

Не може да се тврди дека единствениот купувач е Оикло и покрај тоа што од Макпетрол често ја информираат инвеститорската јавност дека командитното друштво го зголемува сопственичкиот удел. Во последната објава со таква содржина (10 ноември) е наведено дека акционерот Оилко КДА, по стекнатите 383 обични акции поседува 26,94 отсто од капиталот. Тоа е еднакво на 30.273 акции.

Акциите на Макпетрол постојано се во фокусот на инвеститорите. Некои од нив коментираат и дека акцијата на нафтениот дистрибутер ја нема вистинската цена со оглед на профилот, големината и можностите на бизнисот. За што потврда се и финансиските резултати, а последниот е: за деветте месеци од годинава добивката е 14,9 милиони евра.

 

Клучни зборови

  • блок трансакции
  • Македонска берза
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk