Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Акционерско прегрупирање во Македонијатурист? Блок-трансакции од 17,7 милиони евра

15 јун. 2026 г.·2 мин читање·796 прегледи

Следете не на Viber

Во 93.037 акции, кои обезбедуваат повеќе од 20 отсто од акционерскиот капитал на Македонијатурист, вложени се 17,7 милиони евра. Тоа е вредоста на двете блок-трансакции за кои извести Македонска берза, реализирани по 11.739 денари за акција.

Големиот блок содржи 82.450 акции, односно претставуваат 18,23 отсто од основната главнина на хотелско-угостителската компанија. За овој пакет новиот сопственик платил 967.880.550 денари или над 15,7 милиони евра.

Помал процент од 2,34 отсто носат купените 10.587 акции. Вредноста на оваа трансакција е 124.280.793 денари, што е противвредност на повеќе од два милиони евра.

Продадените, односно купени количини, упатуваат на голема промена во акционерската структура на Македонијатурист.

На крајот од 2025 година, според официјалните податоци од компанијата, распоредот на сопственичките сили бил:

Првичната акционерска екипа што ја презема компанијата од претходните сопственици, е преполовена. Лани акциите ги продадоа МГ Фешн (11,26 %), Симеон Павлов (10,47 %) и Чеза Комерц (6,23 %). Тоа се вкупно 126.435 акции, односно 27,96 проценти.

Ако се споредат податоците од достапната акционерска структура и од последните блок-трансакции, очигледно е дека големиот пакет (18,23 %) е речиси идентичен со уделот што на крајот од минатата година го поседува Скопски пазар (19,9 %).

Сепак, не може да се тврди дека токму овој акционер стои зад трансакцијата. Тоа ќе биде познато по објавувањето на новата акционерска структура и на известувањето за промена на сопственичките удели.

Клучни зборови

  • блок трансакции
  • големи акционери
  • Македонијатурист
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk