Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Милионски суми се платени за акции на Македонијатурист

11 авг. 2025 г.·2 мин читање·10412 прегледи

Следете не на Viber

Акциите на Македонијатурист повторно во игра. Чезакомерц и М.Г.Фешн ги зголемиле сопственичките удели, а минатата недела се реализирани и две блок-трансакциии вредни скоро еден милион евра.

Хотелско-угостителската компанија информираше дека Друштвото за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купи дополнителни 988 акции. Во моментот поседува 29.998 акции, односно 6,63 проценти од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.

Со нови 900 акции се стекнало Друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје и сега располага со 52.811 акции, кои му обезбедуваат удел од 11,68 проценти.

На четврти и петти август, Македонска берза информираше за две блок-трансакции, преку кои познат(и) купувач(и) за вкупно 7.643 акции кои носат сопственост од 1,69 проценти платил(е) 987,8 илјади евра.

Првиот блок содржи 3.785 хартии од вредност издадени од Македонијатурист. Тие претставуваат 0,84 отсто од основната главнина. Вредноста на оваа трансакција е 30.084.694 денари или 489,2 илјади евра.

Вториот пакет е сочинет од 3.858 акции, кои обезбедуваат 0,85 отсто од акционерскиот капитал. За нив се платени 30.664.927 денари. Во евра, износот е 498,6 илјади.

И во двете блок-трансакции цената за акција 7.948,40 денари и е под просечната од 10.200 денари, забележана при последното тргување (7 август) на официјалниот пазар.

Битката за акциите на Македонијатурист се одвиваше лани и откако дојде до комплетна промена на акционерската структура, интересот за ове хартии од вредност како да стивна. Најголем акционер е Скопски пазар, во чија сопственост се 89.208 акции или 19,726 проценти (состојба од крајот на декември 2024 година). Меѓу поголемите акционери е и Промедика со 53.771 акција и удел од 11,889 проценти, како и Симеон Павлов со 47.366 акции и 10,474 отсто од акционерскиот капитал.

.

Клучни зборови

  • блок трансакции
  • М.Г. Фешн
  • Македонијатурист
  • Македонска берза
  • Чезакомерц
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk