
ОСНОВАН МЕЃУОПШТИНСКИОТ ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД за Пелагонискиот и Југозападен регион
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), кој треба да претставува формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, како што беше кажано на средбата, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран










