Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Последен ден за пријави: Трчај бе 2024 – трка која оди на црвениот килим

10 сеп. 2024 г.·3 мин читање·1357 прегледи

Следете не на Viber

Оваа година, на 22 септември, градот Битола повторно ќе биде домаќин на популарната Трчај бе со Алпско, кој е во викендот во кој започнува престижниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Градот ќе биде место на средба на ѕвездите кинематографери од светот, но и на вљубениците во трчањето, па токму од таа причина, мотото на овогодинешното издание е: „Филм ми е да трчам“.

Трчај бе овој пат ќе трча по својот заслужен црвен килим, во пет трки на 5, 10 и 21км, со тоа што годинешниот полумаратон е и Национално првенство кое го ораганизираат домаќините со Атлетската федерација на Македонија.

Денес е последниот ден за пријави, па сите оние кои сè уште размислуваат, не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа спектакуларна тркачка приказна. Пријавете се на https://trcaj.be/mk/event/trcaj-be-2024/  и бидете дел од уникатниот викенд на трчање и филм во Битола.

Оваа година Трчај бе со Алпско привлекува учесници од над 40 земји, а голем број компании веќе неколку години ја имаат ставено  трката во своите календари како дел од тим билдинг активностите. Оваа трка годинава покажува дека е повеќе од настан – тоа е платформа која го обединува спортот, културата и тимскиот дух.

“Секое издание на Трчај бе ни носи посебна енергија, но оваа година е навистина посебна. Со слоганот „Филм ми е да трчам“, ја поврзуваме трката со Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ што го прави настанот уникатен во својата форма. Не е само спортски предизвик, туку и културен симбол за градот. Возбудени сме што можеме да ги обединиме љубителите на трчањето и филмските ентузијасти на едно место, и што овој настан станува дел од календарот како настан кој не се пропушта во нивните тим билдинг активности”- истакнува Никола Димитровски иницијатор на овој настан и директор на трката.

За комплетната креативна концепција на трката е задолжена Академијата за графички дизајн Monday Learning. Ова е повеќегодишна соработка која им дава шанса на студентите целосно да се вклучат во процесот на креирање на визуалите и решенијата за трката. Нивниот труд секоја година го претставува организаторот на изложба, каде што тие можат да го покажат своето креативно портфолио и да добијат вредни искуства.

„Оваа година, учесниците ќе пристигнат од над 40 земји, а тоа само покажува колку е популарен настанот. Горди сме што трката Трчај бе ја зајакнува позицијата на Битола како центар за спорт и култура. Ги повикуваме сите што сè уште не се пријавиле да го направат тоа денес и да ни се придружат во славењето на трчањето во Битола и она што првите кинематографери Браќата Манаки го направиле и за нашиот град и за светот”-истакнува Димитровски.

Клучни зборови

  • Битола
  • Трчај бе 2024
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk