Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Детски спектакл на трчањето во Битола

12 јун. 2024 г.·3 мин читање·916 прегледи

Следете не на Viber

Битола беше сведок на најмасовниот детски спортски настан во градот досега. Над 900 деца од 4 до 12 години во различни возрасни категории си ги измерија силите на детската трка МИНИ ТРЧАЈ БЕ која се организираше по втор пат.

Минатата година на инаугуративната трка учествуваа 380 учесници. Оваа година, тој број се зголеми речиси тројно, што ја одразува растечката популарност и влијанието на настанот. Децата се натпреваруваа во девет категории, трчајќи на растојанија меѓу 150 и 400 метри, олицетворувајќи го инспиративниот слоган на трката: „Мали чекори за големи соништа“.

„Децата сакаат да трчаат, иако возрасните често велат: Не трчај! Викендов тие мали чекори се претворија во големи соништа на патеката, докажувајќи дека секое дете е суперхерој во создавање„ – изјави Никола Димитровски, визионерот зад реномираната битолска градска трка ТРЧАЈ БЕ која на 22 септември ќе го има своето шесто издание, а со воведувањето на детската трка како идеја плус на постоечката, имаат за цел да се негуваат новите таленти.

„Да не заборавиме што значи да се биде дете. Да им дадеме крилја и да ги поддржиме бидејќи тие се нашата иднината“ – истакна тој пред публиката која броеше над 2.000 посетители кои го окупираа градскиот парк од раните утрински часови.

Детската трка имаше подолг период медиумска кампања изградена околу идејата дека секое дете е суперхерој и е способно да постигне големи работи со вистинско охрабрување. Организаторот со поддршка на Атлетската федерација на Македонија на 12 основни училишта од градот им подари опрема за атлетика и 50 учесници од социјално ранливи семејства селектирана од страна на училиштата добија шанса бесплатно да учествуваат.

Примарната цел на детската трка е да се всади љубов кон физичката активност, да се постават лични цели и да се поттикне чувството на заедништво и достигнувања кај децата. Но и да го слави она што еден од најтрофејните атлетски клубови во Македонија со историски рекорди – АК ОЛИМП формиран во 1960год во Битола, а згаснат пред извесно време, беше возобновен токму од организаторите на ТРЧАЈ БЕ.

„Денес, новите спортски надежи на атлетиката од Битола никогаш не се враќаат од натпреварување без освоен подиум. Оттука детската трка е и замислена не само како натпревар, туку како полигон за нови таленти и како прослава на нашите млади атлетичари и нивниот неограничен потенцијал. Сите победници на детската трка добија и бесплатно месечно членство во АК ОЛИМП“ – истакна организаторот.

Клучни зборови

  • Битола
  • МИНИ ТРЧАЈ БЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk