Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Свечено отворен новиот бизнис центар на ПроКредит банка во Битола

14 јул. 2023 г.·3 мин читање·1138 прегледи

Следете не на Viber

Во присуство на голем број на гости, вработените и клиентите, ПроКредит Банка свечено го отвори новиот бизнис центар во Битола на нова, атрактивна локација на ул. Тодор Скаловски бр.8.

Сместен на фреквентна позиција со поглед на ул. Партизанска, новиот, модерен бизнис центар со својот проширен тим од 10 банкарски советници нуди дополнителни можности и подобрено искуство за сите бизнис клиенти и физички лица кои имаат потреба од комплетни банкарски услуги, како од аспект на платен промет, така и во делот на кредитирање.

На свечениот коктел свое обраќање имаа Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит банка, и Љубин Наумовски, Директор на филијала за мали и средни претпријатија.

“Ни претставува особена чест што во годината кога ПроКредит банка слави јубилеј 20 години го славиме и отворањето на нашиот нов бизнис центар во Битола кој нуди дополнителни функционалности и уште подобро искуство на сите физички и правни лица кои преферираат модерни, флексибилни, дигитални услуги. Битола и регионот имаат голем економски потенцијал, а нашата експертиза во мали и агро бизниси носи дополнителни бенефити за оваа значајна индустрија во пелагонискиот регион. ПроКредит банка е докажан и сигурен партнер кој ќе продолжи долгорочно да го поддржува развојот на економијата во целата земја, а со тоа и активно ќе придонесе кон градење подобра и одржлива иднина.” изјави Стевче Кузмановски.

“На Битола сме и добро познати веќе 20 години, за тоа зборува и бројот на клиенти од регионот со кои долги години градиме партнерство. Иако сме препознатливи како дигитална банка, со нашето физичко присуство и надвор од главниот град сакаме да ја потенцираме важноста од развој на економијата децентрализирано. За таа цел, го отворивме проширениот бизнис центар со желба да бидеме поблиску до клиентите, каде преку личниот пристап на нашите банкарски советници ќе понудиме уште повисоко ниво на професионална услуга.” изјави Љубин Наумовски.

На новата локација, клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги во модерната 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра.

ПроКредит Банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување професионални и дигитални банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години.

Клучни зборови

  • Битола
  • ПроКредит банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk