„Пари“ анализира: Кои се најдобрите компании од Битола според приходите во 2023
Битола има солидна бизнис база. Таму е единствениот домашен производител на сладолед, единствената квасара, таму е најголемиот производител на млеко и млечни производи. Има силни градежни фирми, конкурентна ИТ компанија, веледрогерија, производител на струја, странска инвестиција за производство на делови за автомобили… Или, градот со векови бил и сѐ уште е значаен економски центар во Македонија.
Од бројните фирми кои си ја тераат работата од „битолските сокаци“, ги издвојуваме врвните 20 по остварениот приход во 2023 година. Порталот „Пари“ ги анализираше податоците достапни на „Бизнис мрежа мк“ и изброи 817,8 милиони евра како нивно заедничко остварување. Толку пари се слеале и се свртеле кај нив во текот на ланското работење.
МИЛИОНСКИТЕ ПРИЛИВИ НЕ ГАРАНТИРААТ МИЛИОНСКИ ДОБИВКИ
Оваа листа ја предводи „Кромберг & Шуберт“ Македонија, најголемата компанија во Пелагонискиот регион. И најголем работодавач, каде што лебот го вадат 6.858 лица (бројка од крајот на 2023). Вкупните приходи остварени лани се 21.688.754.079 денари или 352,2 милиони евра. Со тоа, за 40,82 проценти е поправен резултатот од 2022, кога станувало збор за „само“ 250,1 милион евра. Сигурно, и битолскиот дел од огромната целина која има повеќе од 50.000 вработени во над 40 локации, го применува единствениот клуч за успехот, културата на компанијата, заснована врз ентузијазмот и мотивацијата да се обезбедат креативни решенија во производството.
Со мрежата од стотина аптеки, со снабденоста и услугата „Еурофарм“ одамна излезе од пелагониската рамка. Застапник е и увозник на 20 реномирани светски фармацевтски, медицинс…