
ПРИХОДИТЕ РАСТАТ, ПРОФИТОТ СЕ ЛИЗГА: Билансот на Адинг за 2025 година
Со нето добивка од 206,1 милиони денари Адинг ја заврши деловната 2025 година, што претставува намалување од 10,9 проценти во однос на претходната година, но и резултат кој значително ги надминува планирањата на компанијата. Според консолидираните податоци, компанијата остварила вкупни приходи од 831,7 милиони денари, што е раст од 7,2 проценти на годишно ниво. Продажбата







