Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Реалната добивка на „Адинг“ ја надмина планираната за 464,6 насто

14 мај 2024 г.·2 мин читање·1218 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни движења бележи „Адинг“ во одработените први три месеци од годинава. Продажбата на домашниот и на странските пазари постигнува добри резултати, што влијае врз зголемувањето на приходите. А, и добивката пред оданочување е повисока за повеќе од 52 проценти.

Компанијата која произведува и продава хемиски материјали за градежништвото, на име приходи од јануари до март инкасирала 167.644.000 денари, односно 2,7 милиони евра. Или, за 23 насто повеќе во спредба со ланскиот прв квартал. Во структурата доминантни се приливите од продажбата – 165.080.000 денари (2,68 милиони евра). Овие средства претставуваат 98,5 отсто од вкупниот приход. Во тие рамки, 85,8 отсто се од домашно потекло, додека 14,2 проценти се приходи остварени од продажбата на странските пазар.

Зголемување е регистрирано и кај расходната страна. Во однос на споредбениот период трошоците се повисоки за 21,3 проценти и изнесуваат 121.008.000 денари (1,96 милиони евра).

Оттаму, „фармацевтите“ во градежништвото направиле добивка, која пред оданочување изнесува 55.666.000 денари или над 904 илјади евра. За 52,4 проценти поголема од минатогодишните 36.524.000 денари. И, за 464,6 насто повеќе од планираниот профит, кој бил зацртан на 9.860.000 денари, односно на нешто повеќе од 160 илјади евра.

 

 

Клучни зборови

  • адинг
  • добивка
  • прв квартал 2024
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk