
Окта во залет: 204,7 милиони евра приходи и 912% раст на добивката
Раст на приходите, добивката и на оперативната профитабилност постигна Окта во првиот квартал од годинава. Подобрите финансиски резултати во споредба со тие од истиот лански период, се остварени во услови на зголемена нестабилност на глобалните енергетски пазари. Од продажбата се обезбедени приходи од 204,7 милиони евра, што претставува годишно зголемување за 44 насто. Во таа










