Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ БАНКА СО ДОБИВКА ОД 79,3 МИЛИОНИ ЕВРА и раст на активата од 19,6 насто

3 фев. 2026 г.·3 мин читање·3567 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка Скопје ја затвори 2025 година како една од клучните носечки институции на домашниот финансиски систем, со резултати што ја потврдуваат нејзината стабилност, пазарна сила и долгорочна стратешка насоченост. Во услови на динамични економски движења на локално и глобално ниво, Банката го реализираше планираниот раст и ги задржа високите перформанси, следејќи ги приоритетите дефинирани со Стратегијата 2030.

Во текот на 2025 година НЛБ Банка оствари нето добивка по оданочување од 79,3 милиони евра, што претставува еден од највисоките резултати во домашниот банкарски сектор. Достигнувањето е засновано на зголемената кредитна активност, стабилните приходи и внимателното управување со трошоците и ризиците.

Вкупните приходи од работењето достигнаа 116,9 милиони евра, што е раст од 3,3 насто на годишно ниво. Нето-каматните приходи се зголемија за 6,6 проценти, поттикнати од растот на кредитното портфолио и повисоките приходи од вложувања во хартии од вредност. Истовремено, расходите за камати пораснаа поради зголемените депозити, особено кај домаќинствата. Нето- приходите од провизии и надомести исто така бележат раст, додека останатите некаматни приходи се пониски во однос на претходната година.

Оперативните трошоци изнесуваат 48,8 милиони евра и се зголемени за 8,1 насто, при што најголем раст е евидентиран кај трошоците за вработени и амортизацијата, како резултат на инвестициите во човечки капитал и примената на МСФИ 16. Исправките на вредноста на финансиските средства и резервациите за вонбилансната изложеност изнесуваат 22,3 милиони евра, со позитивен ефект од унапредувањето на моделите за кредитен ризик.

Заклучно со 31 декември 2025 година, вкупната актива на НЛБ Банка достигна 2,5 милијарди евра, што претставува годишен раст од 19,6 проценти. Кредитното портфолио кон небанкарскиот сектор изнесува 1,6 милијарди евра и бележи раст од 21,9 проценти. Кредитите кон нефинансиските друштва се зголемија за 22,7 проценти, додека кредитите кон домаќинствата пораснаа за 13,7 проценти, со особен раст кај станбените и потрошувачките кредити.

Депозитите на комитентите се на нивото од 1,9 милијарди евра. Зголемувањето од 13,8 насто ја потврдува довербата на граѓаните и компаниите во Банката. Зголемување е евидентирано и кај депозитите на банките, главно како резултат на краткорочни меѓубанкарски трансакции. Акционерскиот капитал и резервите достигнаа 359,2 милиони евра, со раст од 19,2 проценти, што дополнително ја зајакнува капиталната позиција на Банката.

Во текот на годината, НЛБ Банка се искачи на првото место според пазарното учество во кредитите за населението, исполнувајќи една од клучните цели од Стратегијата 2030.

Минатата 2025 година беше обележана и со силен фокус на општественото и економското влијание. Банката ја објави првата студија за социо-економско влијание на банка во Македонија, според која преку своите активности креира над 675 милиони евра додадена вредност, што претставува 4,3 проценти од БДП на земјата.

За наредниот период НЛБ Банка најавува продолжување на дигиталната трансформација, развој на дигитални платформи за кредитирање на МСП и микро клиенти, воведување инстант плаќања, имплементација на вештачка интелигенција и понатамошен развој на програмите за луѓе, култура и таленти. Посебен фокус ќе остане и на одржливото финансирање, зелените кредити и доследната примена на ESG принципите, со цел долгорочно позитивно влијание врз економијата и заедницата.

Клучни зборови

  • 2025 година
  • нлб банка
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk