Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Триглав Осигурување четирикратно го надмина планот – добивката зголемена за 74 насто

27 апр. 2026 г.·2 мин читање·3087 прегледи

Следете не на Viber

Нето добивка од 47,4 милиони денари оствари Триглав Осигурување во првиот квартал од годинава, проследен со годишен раст од 74 насто. Постигнатиот резултат значително го надминува минатогодишниот, но и планираниот профит за ова тримесечје од 11 милиони денари, што претставува раст од 335 насто. Истовремено, нето штетите се пониски од планираното ниво.

Растот на добивката е поддржан од зголемените приходи од премии, но и од поволните движења кај техничките позиции. Нето приходите од премија се во износ од 319 милиони денари, што е за 6 насто повеќе во однос на споредбениот лански период. Зголемувањето најмногу доаѓа од повисоката бруто премија, особено кај осигурувањето на имот од пожар (+12 милиони денари) и осигурувањето на финансиски загуби (+8 милиони денари). Позитивно влијание има и промената кај нето резервите за преносна премија (+32 милиони денари), додека зголемените издвојувања за реосигурување делумно го амортизираат ефектот.

Дополнителен импулс даваат и приходите од провизии од реосигурување, кои достигнуваат 44 милиони денари и се повисоки за 42 проценти. Наспроти тоа, приходите од финансиски вложувања изнесуваат 16 милиони денари и бележат пад од 10 проценти, главно поради намалено инвестициско портфолио. Најголемиот дел од овие приходи, односно 86 отсто, се од камати.

На расходната страна, нето трошоците за штети изнесуваат 112 милиони денари и се зголемени за 3 насто. Иако има пад кај бруто исплатените штети, негативен ефект имаат повисоките нето резервации за штети. Останатите технички резерви се зголемени за 5 милиони денари, додека трошоците за бонуси и попусти се намалени на 10 милиони денари. Вкупните трошоци за спроведување на осигурувањето се намалени за 3 отсто и изнесуваат 129 милиони денари.

Триглав Осигурување има поставено високи цели – годинава премијата да се зголеми за околу 15 насто и да достигне 1,96 милијарди денари, а добивката да се позиционира на прагот од 75 милиони денари, со фокус на профитабилно и одржливо работење, дигитализација и јакнење на пазарната позиција.

Клучни зборови

  • добивка
  • прв квартал 2026
  • Триглав осигурување
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk