Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Окта во залет: 204,7 милиони евра приходи и 912% раст на добивката

5 мај 2026 г.·2 мин читање·1292 прегледи

Следете не на Viber

Раст на приходите, добивката и на оперативната профитабилност постигна Окта во првиот квартал од годинава. Подобрите финансиски резултати во споредба со тие од истиот лански период, се остварени во услови на зголемена нестабилност на глобалните енергетски пазари.

Од продажбата се обезбедени приходи од 204,7 милиони евра, што претставува годишно зголемување за 44 насто. Во таа структура, продажбите на домашниот пазар донеле 154,1 милион евра (+42 %), а странскиот 50,6 милиони евра (+48,7 %).

Од Окта информираат дека бруто-добивката бележи силен скок од 372 насто, на 19,7 милиони евра. Кај ЕБИТДА зголемувањето е за високи 837 насто, при што сумата достигнала 17,8 милиони евра.

Во тие рамки добивката пред оданочување изнесува 17,6 милиони евра, а нето-добивката – 15,7 милиони евра. Профитабилноста е проследена со раст од 917, односно 912 насто.

Оперативните трошоци се зголемени за 15 насто, како одраз на повисоката деловна активност, додека прилагодената ЕБИТДА изнесува минус 3,3 милиони евра, наспроти позитивните 2,2  милиони евра во истиот период лани.

Во текот на првото тримесечје, посочуваат од Окта, глобалните цени на суровата нафта бележеа нагорен тренд, особено изразен во март, како резултат на засилените геополитички тензии на Блискиот Исток. Ова доведе до зголемена неизвесност, нарушување на синџирите на снабдување и повисока ценовна волатилност на светските пазари. Во такво окружување, Окта остана фокусирана на сигурно и континуирано снабдување на домашниот и регионалните пазари, при што дополнително ја засили логистичката флексибилност преку користење на продуктовод за транспорт на дизел.

Вкупниот обем на продажба изнесува 334 илјади м³, што претставува раст од 35 насто на годишно ниво, поттикнат од зголемената извозна активност и подобрената достапност на производите. Извозот учествува со околу 25 отсто во вкупната продажба.

Исто така, од компанијата посочуваат дека во првиот квартал се инвестирани над 390 илјади евра во проекти за обновлива енергија, со цел намалување на емисиите и поддршка на енергетската транзиција.

Воедно, се истакнува дека во амбиентот на ценовна нестабилност, компанијата спроведе и доброволна програма за попуст на дизел и бензин за трговците на големо и мало, која беше продолжена до крајот на април, со цел поддршка на пазарната стабилност и крајните потрошувачи.

 

Клучни зборови

  • добивка
  • окта
  • прв квартал 2026
  • приходи
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk